речник контакт

Голем интерес на граѓанските здруженија за бесплатно користење општински простор

Пристигнале 33 пријави од исто околу НВО

Петар Печков

33 граѓански здруженија кои работата на територијата на општина Велес, пројавиле интерес по повикот на локалната власт за доделување на општински простор. Тој ќе се користи бесплатно.

  Здруженијата се со различна цел ан делување, некои сои долгогодишна пракса и работа, други ново формирани, трети работеле ама немале простории.  Распределбата на просторот сеуште не е извршена, пред ова да се случи надлежната Комисија ќе извршела увид во слободните простории кои се наменети за здруженијата.  

Нив ги има во зградата во Дворови, во зградата на киното, во спортската сала Гемиџии, во просториите на МЗ Алексо Демниевски Бауман спроти Симпо, Трајко Панов - на кривината  кон Болница,  Славе Петков до ОУ Св. Кирил и Методиј, Тодор Јанев кај  градинката во Населба, во некогашниот  Пензионерски дом и хотел Вила Зора, во библиотеката Гоце Делчев.  Простор има и во спомен куќите на Васил Главинов и на Касапови.  

И покрај реакциите на повеќето граѓански здруженија, дека освен простор потребно е локалната власт да ги плаќа сметките за вода и струја поради наводната беспарица, тие се одѕваа на Конкурсот. Истите ќе се делат според активноста на здруженијата, реализацијата на програмите, бројот на членството, одговорноста кон заедницата. Конечниот збора по ова ќе го каже Советот на Општина Велес.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »