речник контакт

Груевски - новата преодна Влада ќе биде согласно договорот од Пржино

Премиерот го избегна одговорот дали се преговара за влез на Астон Марти во Македонија. Премиерот попладнево беше во Велес

Петар Печков

Премиерот Никола Груевски   најави дека ќе се  почитуваат временските рокови од договорот во Пржино, а поврзани за составувањето  на новата Влада и неговата оставка.

Тој одговарајќи на прашање за  што разговарале со американскиот потпретседател Џо  Бајден и зошто побарал средба со него, Груевски објасни дека е поважно што се разговарало, отколку кој  ја барал средбата.

Дел од медиумите во Македонија, како и опозицијата повеќе ги интересира техникарии, кој  побарал седба, дали јас сум побарал, дали тој побарал,  кој организирал. Јас повеќе би зборувал за суштината. А  тоа е дека имавме многу  пријателска и одлична средба  со Бајден на која присуствуваше и г-ѓа Нуланд. Тоа претставува  потврда на стратешкото  партнерство со САД - рече Груевски.

На прашањето што се разговарало за роковите околу договорот од Пржино, Груевски кратко одговори дека ,,Тоа е се запишано во Законот,,..  Краток беше и одговорот  на прашањето кога ќе биде објавен  наследникот во преодната Влада,  Груевски рече ,,кога  ќе дојде време за тоа,,.  За најавите од автомобилската индустрија ,,Астон Мартин,, за можен  влез  во  Македонија   Груевски  го избегна  одговорот.

Македонската   Влада интензивно разговара со повеќе компании во светот,за да ги убеди да инвестираат во  Македонија. Нашата пракса е никогаш додека не се постигне договор, да не се објавува името - изјави Груевски.  

Тој по еднодневната посета на САД престојуваше во Велес, каде присуствуваше на  потпишување на договор за купување на некогашна Порцеланка, од индиски  БРЏ инвеститор.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »