речник контакт

Групата Соната со соло концерт, за првите 10 години работа

Велешката фолк група Соната го најавува нивниот голем солистички концерт кој ќе се одржи на 9-ти јуни, во амфитеатарот од Младинскиот парк.Повод е десет годишнината од постоењето

Петар Печков

Почетокот е закажан за 21 часот, влезот е секако бесплатен. На првиот нивен соло концерт како гости ќе се појават неколку значајни имиња од македонската фолк сцена, кои негуваат изворната традиција, меѓу нив се Гоце Арнаудов, Виолета Томовска. Групата има издадено едно ДВД со стари велешки песни и едно ЦД со македонски фолк бисери и нивни фестивалски нумери.

Соната е  формирана во 2000 година, во својот состав вклучува 5 членови, врвни интерпретатори и тоа: Катерина Брезева - вокал, Никола Димовски - бас гитара,Тони Нанев - тапани,Трајче Бондиќов - клавијатури и Раде Митревски - дувачки инструменти. Групата "Соната" од Велес, претставувајќи дел од богатата автентична музичко-фолклорна традиција на градот, во духот во кој ги препознава претходните исполнители на незаборавните велешки песни.

Таа  внесува свежина во "римејк" интерпретацијата, така што звучи одлично  во смисла на задржување на автентичноста на градската музичка традиција. Соната ја негува чалгаџиската традиција, како претставник на староградската ориентална музичка култура во Македонија, која  се одликува со богат стилски звучен материјал. Велес е еден од постарите културно развиени градови во Македонија, каде што чалгиската традиција претставува дел од богатиот духовен живот на градот во 19 и 20 век, а таа традиција продолжува и се негува и денес.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »