речник контакт

Да се иселат времените објекти од Автобуска, за таа да добие нов лик

Ова е барањето на сопствениците на Автобуската станица од Велес, по реакциите на патниците дека таму нема услови за чекање

Петар Печков

Сопствениците на Автобуската станица, јавно се огласија по прозивките на патниците дека таму нема стандардни услови за чекање на автобус. Заради овозможување на нормалното одвивање на автобускиот превоз, тие бараат да се дислоцираат времените објекти кои ги има околу станицата. Патниците реагираа оти не се знае дали е ова Автобуска или пак кафеана, од бројните блиски угостителски објекти.

Сите објекти што се околу Автобуската се времени, диви. Ние го имаме легализирано  и приватизирано земјиштето на која таа се наоѓа.  Проблем со ваквата состојба   имаме и ние,   оти   реакциите од патниците се упатени на наша сметка. Но не можеме ништо да сториме, за да можеме да изградиме современ пристап до автобусите и перони оти просторот околу е узурпиран. Низ неа минуваат меѓународни автобуси за Грција, Бугарија, Србија, Турција и сите тие патници се сведоци на ваквата  слика, но за жал локалната власт на општина Велес не презема ништо против  времените објекти – велат од Автобуската станица во Велес. 

Таа  има и друг проблем, при секој повисок водостој на реката Вардар е во опасност да биде поплавена, што  знае да се случи во одреден период од годината. Од локалната самоуправа во Велес молк по барањето на сопствениците на автобуската  за дислоцирање на дивите угостителски објекти, иако како времени може да работат цвеќарници и киосци за весници, ништо друго, стои во Законот.

Сопствениците на Автобуската  го обновија и уредија делот каде се продаваат билети и чекалната за патниците, како и санитарниот јазол. За разлика од овие простории надворешниот дел е несвојствен за автобуска, мешавина меѓу неа и угостителска улица. Пероните каде запираат автобусите се дел од мостот, стар повеќе од 50 години.

Локалните власти на Општина Велес  се обида во два наврати да се реши  просторот за  локација на автобуската, која е несоодветна, поради висината на возилата и висината на мостот. Имаше идеја  Автобуската да се лоцира во близина на Железничката или спроти неа, како целина за транспортен центар. Но овие две решенија набргу беа напуштени како невозможни а  одржувањето на мостот е во надлежност на Агенцијата за државни патишта. Новите сопственици сега се стопани на земјиштето и таа нема да може да ја менува локацијата.

Автобуската станица во Велес е единствена по местото на локацијата во земјава. Таа се наоѓа под дел од мостот Гемиџии, веднаш до реката Вардар. Тоа  создава проблеми во одвивањето на автобускиот сообраќај, за пристапноста до објектот. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »