речник контакт

Два нови случаи на позитивни со ковид-19 во Велес

Во велешко има 39 активни случаи и две лица се лекуваат на приватна клиника во Скопје

Петар Печков

Во Велес во текот на вчерашниот ден  регистрирани се два нив случаи на позитивни со ковид-19. Оздравени нема, нема починати, соопштија од Центарот за јавно здравје од Велес. Со ова бројката на активни лица  е 39 лица, досега се заразени 185,  13 се починати.

Едното лице е велешанец кој се вратил дома од Србија и резултатите покажале дека е позитивен.   Второто заразено лице е од поголема фирма во градот, од каде има повеќе негови колеги кои се ставени во изолација - изјавија од Центарот за јавно здравје.   

На Инфективно одделение во велшка Болница, состојбата е како и вчера, хоспитализирани се 15 лица, 14 се потврдено позитивни за еден се чекаат резултати а четворица се на кислородна поддршка, 12 од овие лица се од велешко.  Две лица од Велес  се лекуваат  во приватна клиника во Скопје а   26 се на домашно лекување. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »