речник контакт

Две години затвор за скопјанец кој во велешко купувал крави со фалц евра

На сточарите треба да им ги врати и парите

Петар Печков

Скопјанецот  Сефер Зулфијов доби две години затвор за пуштање во оптек лажни евра.   Тој на жители од велешкото  село Бањица им купувал крави а плаќал со фалц евра. Зулфијов беше прогласен за виновен во Основниот суд во Велес за кривичното дело    Фалсификување пари а има обврска на двете оштетени лица да им ги врати парите  во висина од  1.1 илјада и 250 евра.

Осудениот во два наврати на Божик 2009-тата од двајца жители на селото купил четири расни крави ,,буша,, за што платил вкупно  1.350 евра со 27 банкноти од 50 евра.   Фалц еврата од  оригиналните банкноти се разликувале по квалитетот на хартијата, техниката на печатењето и серискиот број, заштитните знаци, УВ заштита, микропечатење и водениот знак, холограмот, варијабилното мастило, бојата на лицето и опачината. Зулфијов се бранел дека тој никогаш не бил во селото, не ги познава оштетените, иако и двајцата со прст во судница впериле дека нему му ги продале кравите.  

Пресудата е правосилна а Зулфијов  има претходно и друга правосилна пресуда за истото дело, кога оштетил други лица  со плаќање со фалц евра.Неговиот бранител Александар    Јаковлев  најави нејзино преиспитување до Врховен суд.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »