речник контакт

Две нови населби во Велес за изградба на индивидуални куќи за живеење

Едната е Трпезица втората е кај Спомен Костурница, со вкупни 450 плацови за куќи

Петар Печков

Локалната власт предвидува два  нови простори во градот, каде ќе можат да се градат станбени куќи наменети за индивуално живењее.  Едната населба е предвидена  во месноста Трпезица а втората во околината на Спомен Костурницата  - областа Каменот.  

На овој начин се планира да се обезбеди простор за изградба на нови куќи на велешани, оти во градот и да нема слободни места. Предвидени се околу 450 локации за куќи. Постапката е започната, се чека одговор од надлежното Министерство за транспорт.

Овие проекти се од стратешко значење за градот, оти  така  ќе се растерети централното градско подрачје.  Граѓаните кои имаат потреба од изградба  на  индивудални станбени објекти ќе имаат  можност каде да градат - најави пратеникот Илија Димовски. 

Населбата која  ќе биде во месноста Трепзица е на земјиште кое е во  приватна   сопственост и таму има локации за 330 куќи на 42 ха , додека во Каменот кај Спомен Костурницата  е на државно земјиште и таму имало предвидено 120 плацеви за куќи на 11 ха . Втората населба е со типски  изглед, однапред предвиден надворешен изглед.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »