речник контакт

Две седмици тече вода по улицата 11-ти Октомври

Од ЈКП Дервен одговараат станува збор за сериозен дефект

Петар Печков

Најмалку две седмици вода тече по дел од улицата 11-ти Октомври. За проблемот  посочуваат жителите на овој дел од Велес.  За нив е чудно, што иако минало толку време, се уште не е решен. Додаваат дека станува збор за вода за пиење, не била во прашање  фекална од канализација.

Најмалку две недели тече оваа вода и таа е за пиење. Дојдоа од ЈКП Дервен неколку пати,  поправаа но резултат нема. Една седмица не се дојдени а водата продолжува да тече. Кој ќе ја плати сметката оти  истече толку вода – велат жителите од дел на улица 11-ти Октомври.  

 Од ЈКП Дервен потврдуваат дека во овој дел на Велес имало истекување на вода, но дека тие работат на санирање на мрежата.

На ул. 11ти Октомври во текот на изминатите денови се јавија два дефекта на водоводната линија. Едниот дефект е саниран, а се работи на отстранување на вториот. Екипите на ЈКП Дервен работат на отстранување на дефектот, но пречка во работата претставува непристапниот терен и присуството на дрвја, корени од дрвја и кабли за електрична енергија. Очекуваме најдоцна до утре да биде саниран и вториот дефект – одговорија на поставеното прашање од  ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »