речник контакт

Децата од Иванковци на принуден распуст, нема греење

Родтеилтие нема да ги пуштаат децата на настава се додека не се обезбеди греење во новата монатажна зграда

Петар Печков

 Четири дена учениците  од основното училиште во  велешкото село Иванковци не одат на училиште. Причина немаат греење. Родителите решиле, се додека не се инсталира греење во новата зграда, децата да седат дома.

Кој сака сопственото дете по четири -пет часа да седи во студена просторија, без греење. Дали да учи, или да се смрзнува. Затоа решивме учениците да не одат на настава, додека не се создадат нормални услови за нејзино следење- велат родителите на учениците од ОУ  ,,Стојан Бурчевски Буридан,,.

Таму настава посетуваат 70-тина ученици од прво до осмо одделение. Тие учат во ново монтажно училиште, кое беше предадено во употреба на 15 септември, откако на  15 јуни старото во пожар изгоре до темел. Новото засега се уште немаа инсталирано греење.

 Невозможно е на овие  утрински температури околу нулата, децата да учат во студени училници и ја разбирам загриженоста на  родителите. Неколку пати се обратив до Министерството за образование и изведувачот, да ги запознам со проблемот. Изведувачот  треба да ги заврши работите, да го инсталира централното греење по што ќе му биде исплатена работата, за што има предвидено средства во Буџетот.   Апелирам до изведувачот да ги забрза работите, бидејќи најлошо е ако се наруши здравјето на децата – изјави Горан Петров градоначалник на општина Велес.

Учениците две седмици на почетокот од годината пропуштија од наставата поради  незавршените градежни ра

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »