речник контакт

Доминација на велешани на отвореното првенство во кајак на диви води

Педесетина натпреварувачи возеа на патеката Стар мост а најдобар беше велешанецот Љубиша Спасиќ кој вози за скопски Илинден

Петар Печков

На патеката Стар мост во Велес се одржа  Меѓународен Куп натпревар во кајак на диви води “Вардар Куп 2012”,
Во дисциплината К-1(Мажи)Сениори, првото место го освои  Спасиќ Љубомир ( КК Илинден Скопје ), втор заврши Игор  Стефановски (КК Вардар Велес), додека третопласиран беше  Борче Мирчевски ( КК Вила Зора Велес).

Во дисциплината Ц-1(Мажи)Сениори, првото место го освои  Александар Јаниќ (КК Гусар Ниш)  , втор патеката ја заврши Роберт Папазов ( КК Вила Зора Велес) , додека трет на целта мина Саша  Ковачевиќ ( КК Гусар Ниш).

Во јуниорска категорија во дисциплина К-1(Мажи) првото место го освои  Иван Лајлушев, (ККК Вардар Велес)  втор беше  Вили Јорданов, додека трет низ целта мина  Александар Златаров и двајцата од КК Илинден Скопје.

Овој кајак куп натпревар беше  под покровителство на Општина Велес, а во организација на Кајак Кану Клуб Вардар од Велес.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »