речник контакт

До крајот на месецов ќе заврши реконструкција на делницата од автопатот Велес - Градско

Се работи и на изградба на нов мост во Богомила. Градоначалникот Коцевски побара побрзо санирање на карпата кај реката Тополка

Петар Печков

Привршуваат работите на реконструкцијата на делницата од автопатот Велес - Градско и обратно.   Рехабилитацијата  опфаќа 22 км 12 во правец кон Градско и 10 во правец за Велес, вредноста е 67 милиони денари.  

Реконструкцијата на коридорот од Велес до Градско е од исклучително значење бидејќи тоа е дел од коридор 10, кој  го има најголемиот транзит со што  ќе добиен комплетно реновиран, безбеден автопат во корист на патниците кои патуваат - рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.   Тој потенцира дека само овој месец  се реконструираат 150 км патишта низ земјава. До  крајот на годината ќе биде  завршен автопатот Миладиновци -Штип  а делницата  од автопатот  Демир Капија до Неготино која се реконструираше   ќе биде пушена в петок.  

Во тек е  изградба на два моста и тоа во близина на Велес, едниот е  во Богомила  и вториот во  Петровец.  На  18 ноември ќе завршат рехабилитацијата на  петте моста од автопатот  Гостивар до Колари и делот од автопатот на оваа делница - кажа Зоран Китанов Директор на   Јавното претпријатие за државни патишта.  

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, на чија територија се извршуваат градежните работи.  Коцевски     упати благодарност до министерот и директорот затоа што се рехабилитира овој дел од патот. Тој во оваа пригода потсети да два горливи проблеми кои ги имаат граѓаните на општината, а кои треба поскоро да се решат бидејќи се во делокругот на обврски на државата.  

Очекувам во најскоро време Владата да изврши прекатегоризација на патот Башино село до Велес  во регионален, како што беше пред `10 години, за да може државата да изврши санација на мостот. Очекувам дека во најскоро време ќе заврши трајната санација на  карпата  на регионалниот пат Велес - Градско кај Тополка, со цел да се создадат подобри услови за одвивање на сообраќајот и  да се изгради потпорен ѕид - порача Коцевски.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »