речник контакт

До крајот на јули треба да започне дислокацијата на депонијата со згура

Ново поместување на рокот, заради добивање на ,,Б,, интегрирана дозвола. Добиена е дозвола за екслоатација.

Петар Печков

Средината на јули до крајот на месецот,  е новиот  термин, кога треба да започне отстранувањето на депонијата со згура, производ  на три децениската работа на Топилницата. Ова е трето поместување на рокот, првиот беше во април, па ви јуни сега е за втората половина на  следниот месец. Или кога ќе биде одобрена ,,Б,, интегрираната дозвола,, која ја издава Општина Велес.

Дозволата за експлоатација ја добивме, ,,Б,, апликацијата треба да се докорегира, има некои моменти кои треба да се дополнат. Или локалната ја врати на доработка , каде ја доставивме во нацрт верзија и сме во фаза на дополнување за да биде комплетно прифатлива за решавање на проблемот кој го третира.   Неблагодарно е да давам рокови, но средината на јули би започнале, доколку се оди според роковите - кажа за ТрМр Љупчо Аврамовски  консултант од компанијата  ,,Енвиро ресурси,,  која е вклучена во изготвувањето на еколошките документи за експлоатација јаловината од Топилницата. 

Таа треба да се носи до Малезија, со која концесионерот ,,Кепс монт ропу,, има потпишано договор. Тие на јавната дебата одржана пред два месеци кажаа дека  оваа држава ги затвора вратите за вакви зделки, но тие имале веќе договор кој доцнел во реализацијата поради обезбедување на потребните документи во земјава.

Според планот за работа ридот тежок 1,8 милиони тони треба да се отстрани за четири години. Секојдневно 24/7 , по два камиони за почеток а потоа и по четири за еден час товарени со 40 тони згура треба да ја носат до Солунското пристаниште. КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје  е дел од српската КЕПС МОНТ ГРОУП и се пофалија дека досега работеле на слични депонии во Србија, Албанија и Косово.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »