речник контакт

Дупка e или кратер

Пополнувањето на дупките од градските улици ќе започне при крајот на неделава

Петар Печков

На повеќе места од главните градски улици забележливи се дупките кои ги има и по Благој Ѓорев, 8-ми Септември, Алексо Демниевски Бауман.

Посебно е голема и длабока  таа  пред влезот од Градскиот музеј. Посебно е лошо кога врне, а деновиве често се случува и е полна со вода, па возачите не ја забележуваат а кога ќе удрат во неа е веќе доцна. Освен што постои опасност да се оштети возилото,  од водата во дупката  се бањаат и пешаците од тротоарот.

Но таа не е единствена која го загрозува одвивањето на сообраќајот во градот. Од локалната власт на Општина Велес најавуваат дека до крајот на неделава ќе започне пополнувањето на дупките на главните градски улици, со што ќе се овозможи нормален сообраќај.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »