речник контакт

Езерки и 7-8 во Велес

Најпознатиот хрватски етно состав, која ја негува македонската изворна музика среда вечер ќе има концерт пред велешани

Петар Печков

Во рамките на Велешкото културно лето, во среда во 20,30 часот во амфитатарот во Младинскиот парк гостува хрватскиот етно состав Езерки и  оркестарот 7/8. Тоа е група во која членуват хрвати кои ја свират и пеат  македонската музика. Тие досега имаат снимено ти ЦД и ДВД а во три наврати ја полнеа концертната сала Ватрослав Лиснински.

Нивните концерти ги има пренесувано и државната Телевизија ХТВ. Тие македонските стари народни песни пееле со МасимоСавиќ - Калеш Бре Анѓо, со Нина Бадриќ - Зајди зајди јасно сонце, со Радојка Шверко, Лука Нижетиќ,  Калиопи, Тоше Проески... Анасмблот Езерки бори 17 члена, пеаттрогласно,само петод нив се македонки, останатите хрватици, распонот на возраста е од 25 до 70години. Некои од нви се слиарки, други економистки, имаат и правнички, архитектка, ноивинарка, етнолог.

Лидерка на ансамблот е Дарка Краговиќ вработена како музички уредник во Радио Загреб. Од 2000-тата година соработуваат со оркестарот 7/8, составен од девет музичари, сите хрвати кои свират на 12 традиционални македонски инструменти, кавал, тапан, трабука, дајре. Нивната соработка започнала случајно, за сега да бидат нераздвојна целина.Езерки и 7/8 се збир на ентузијасти,делумно аматери музичари, собрани околу идејата да ги сочуваат традиционалнти македонски песни и популаризираат во Хрватска и странство.

За одбележување е што сабота навечер во Велес гостуваше Словенско младинско казалишче во рамките на театарскиот фестивал Импакт, во при крајот на јули и Хрватско народно казалиште од Пула со Електра на фестивалот Стоби.

Видео

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »