речник контакт

Заврши проектот за времено ангажирање на невработени во ЈКП Дервен

За шест месеци овие лица во Велес исчистија 1,9 милиони м2 површина, изфрлија 1,6 илајди м3 отпад и собраа 700 трактори смет. За ова добиваа по 7,6 илјади денари месечно

Петар Печков

Во изминатите шест месеци месеци 48 лица од Општина Велес беа работно ангажирани во ЈКП Дервен, во вршење на јавни работи - чистење, уредување и озеленување на општината. По завршувањето на проектот се сумираа резултатите – исчистена е вкупна површина од 1.886.580 м2, исфрлени 1.603 м3 отпад, ангажирани 698 трактори за собирање и транспортирање на отпадот.

Времено ангажираните лица работеа на уредување на зелените површини во општината, чистење на пристапните влезови во градот, дел од населбата Превалец, градските гробишта, брегот на реката Вардар, Дервенски поток, крајбрежниот појас на езерото Младост. Од отпад и неорганизирано зеленило се чистеа и површините пред станбените згради во градското подрачје.

Ова беше партнерски проект на Општина Велес, Агенцијата за вработување  и Владата  за спроведување на активни политики за вработување. Ако во првите три месеци тие ги немаа земено парите во висина од 7,6 илјади месечно, проблемот се реши откако тие за ова проговорија при средбата на премиерот Груевски во Велес. Со завршувањето на проектот, исплатени се и времено ангажираните.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »