речник контакт

Започнаа градежните работи на теренот на Градски

Велес прв во Македонија ќе добие вештачки тревнат терен

Петар Печков

Се отстранува  тревнатиот дел оd теренот на Грaдскиот стадион во Велес. Со ова започнаа градежните работи со кој градот прв во Македонија ќе добие вештачки тревнат терен. Така по три месеци велешани нема да имаат мака околу одржувањето, полевањето на теренот, бидјеќи нема да има природна трева. Оваа активност е заедничка на Фудбалската федерација на Македонија и Општина Велес.

Започна реконструкцијата на теренот од Градскиот стадион, што е заеднички проект со ФФМ. Велес ќе добие вештачка трева од висока втора категорија.  ФФМ инестира 12 милиони денари а локaлнaта влaст 4,8 милиони денари. Градежните работи треба да завршат за 40 дена, по што ФФМ ќе започен да ја постаува вештачакта трева – изјави Славчо Чадиев градоначалник на Велес.

Тоа е првата фаза. Понатаму, во следните години ќе се работи на иградба на тринини, не мстото од постојните до 5 илјади  гледачи, додека теи од страна на паркот нема да постојат. Заради тоа ќе се сечат дрвјата кои се позади трибините, но и ќе се собира водата  од повеќето природни  изворишта, која тука ја има во изобилие.  

Завршувањето на поставувањето на вештачката трева, ќе биде одбележан со одигрување на меѓународен натпревар на стадионот во Велес, најави градоначалникот Чадиев.

 Во наредниот период натпреварите  од Општинска фудбалска лига, на Трета лига Југ, ФК Борец машка и женска екипа ќе се играат на помошното игралиште.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »