речник контакт

Започна аплицирањето за субвенции за земјоделие и сточарство

Рокот е до крајот на мај. Лани во велешко имало четири илјади субвенции

Петар Печков

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес денеска  беа поднесени првите неколку барања за добивање субвенции за 2015 година, согласно програмата на Владата за финансиска поддршка во земјоделството.

Од Подрачната единица ги информираат земјоделците од поширокиот велешки регион заедно со општините Чашка и Градско дека рокот за поднесување барање за добивање на секаков вид на субвении од земјоделството и сточарството трае до 31 мај годинава.

За да аплицираат земјоделците, потребно  е претходно да имаат евидентирани податоци во единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци,кози и  пчели, пред поднесувањето на барањето задолжително е да ја проверат и потврдат   бројната состојба на животните во Ветеринарната станица, каде склучиле договор - потсетуваат од ПЕ на министерството за земјоделие.  Минатата година во велешката подрачна единица биле поднесени 4 четири илјади барања за субвенции од земјоделците од велешко. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »