речник контакт

Започна ремонт во фабриката Киро Ќучук

Новите сопственици најавија дека првиот погон ќе започне со работа од почетокот на февруари

Петар Печков

Велешката фабрика за градежен материјал ,,Киро Ќучук е сопственост на мешовитата турско македонска  ,,Еуро брик компани,,.  Новите сопственици  веќе  извршиле примопредавање со  стечајниот  управник Ацо Петров, и од пред некој ден поранешниот стечаен комбинат, стана нов правен  субјект. За почеток ангажирани се 30-тина поранешни вработени, кој започнале со ремонт и чистење на дел од машините.  При првото појавување во јавноста сопствениците ги  презентираа нивните развојни планови.

Започнавме со ремонт на машините,за што ангажиравме 30-тина вработени. Како ќе има потреба, така ќе се зголемува бројката. Рестартот е планиран за почетокот на месец февруари, на погонот за изработка на блок греди. Тогаш би ангажирале  до 150 лица во редовен работен однос - изјави Тоше Кочов  новиот директор на фабриката.

Состојбата во неа е мошне лоша, руинирана, оштетена, оставена на времето и  без да се заштити. Проценките се дека дури 80 отсто од опремата е  уништена и во мошне лоша состојба. За да може да започне првиот погон да работи биле потребни од 1,5 до 2 милиони евра инвестиција.  Фабриката останува со истата дејност,  производство на градежен материјал, блокови, тули,  но  асортиманот ќе се менува.

Сопствениците работата на заштита на името на производите кои Киро Ќучук го произведуваше во неговите погони.  Започнале и постапка за да можат да конкурираат пред Министерството за економија,за  добивање на концесии, за користење на глина, од каде би црпеле репроматеријал.

За новите сопственици ова е ново искуство, нов почеток. Имаат желба да работат во градежната индустрија. Мотивот беше заживее фабриката, да зачурат и овие оџаци, откако им ја образложив состојба на фабриката и дека таа може добро да работи - објасни Кочов.  

Сопственици на фабриката се  Васиф Улучлар и Ибрахим Сенем  кои се од Истанбул и  македонскиот бизнисмен Абдураим  Бајрактар. Сите тројца имаа допирни точки со градежништвото, но немале искуство со изработка на градежен материјал. Тие ја купија фабриката за 1,1 милион евра  на јавен повик кога понудија најдобра цена од другите двајца учесници на е- продажбата.  Средствата неодамна ги уплатија, по што добија судско решение дека се сопственици.   

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »