речник контакт

За Олимпијадата во Токио ОИ 2020, Јапонците ќе прават медали од рециклирани мобилни телефони

Телефоните ќе ги донираат жителите на Јапонија

Петар Печков

Најдобрите спортисти на наредните летни Олимписки игри во Токио во 2020 година ќе добиваат медали што ќе бидат направени од рециклирани мобилни телефони.

Ќе биде упатен апел до сите жители на Јапонија за донирање на старите мобилни телефони и мали апарати за прибирање на два тона злато, сребро и бронза за изработка на 5.000 олимписки одличја, соопштија организаторите на настанот. На тој начин се надеваат дека ќе промовираат одржливост што ќе придонесе и за намалување на трошоците.

„Проектот што ќе овозможи учество на јапонските граѓани во правење на медалите е многу добар. Со рециклирирање на таквите работи ќе мислиме и на животната средина“, рече Коџи Мурофуши, спортски директор на организацискиот одбор.

Во април е планирано да се отпочне со поставување на кутии во локалните канцеларии и низ продавниците за собирање на уредите.

Ова е прв случај на прибирање на материјали за изработка на медали. Градовите домаќини на Олимиските игри досега добиваа метали од рударските компании.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »