речник контакт

За Хрватска во ЕУ, овчарите по диплома

Хрватски овчари ги загреаја клупите и добија дипломи за одгледување на кози и овци, тоа е услов од ЕУ пред влез на некоја земја во тој сојуз

Петар Печков

Некои хрватски овчари однапред ги загреаја клупите и добија дипломи за одгледување на кози и овци.

Меѓу другото тоа е услов од ЕУ пред влез на некоја земја во тој сојуз. Марко Алдук од Петрово поле кај Дрниш, имал познавање за чување на овци и пред да ги помине 130 часа теоретска и практична настава во организација на Програмата за развој на ОН, го положил испитот и во работната книшка се запишал како одгледувач на овци.

Важно е да се знае што не чека денес или утре кога ќе влеземе во Европската унија. Во оваа дејност не е доволно само да се биде овчар. Во оваа дејност важно е се и маркетинг и наплата и продажба, итн - потенцира Алдук.

Заедно со 23 колеги од Шибенско-книнската жупанија, кои во средина на јануари станаа дипломирани овчари, во таа категорија се запиша и Дражен Багиќ од Оклај кај Дрниш.

Научивме многу работи за некои болести, хигиената и други разни нешта - открива Багиќ.

Алдук е сопственик на стадо од околу 300 овци и со конкуренцијата за сега нема проблеми. - Може да се живее. Некој работи за 2.000 круни (260 евра), а тука може да се заработи добра плата. Сам си свој газда и работиш за себе. Подобро да работиш за себе, отколку за некој друг - вели Алдук. Дражен Багиќ под планината Промина чува дупло поголемо стадо. Ни тој не се жали на заработката. - Само на јагнињата, од волната нема ништо, на сирењето може многу да се заработи, но јас имам премногу овци и се определив повеќе на јагнешкото - објаснува Багиќ.

текстот е преземен од Индекс - Загреб

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »