речник контакт

Игор Џамбазов и Пеперминт на Велес фест на 7 ми јуни

Годинава фестивалот ќе се одржи на отворено, на помошното фудбалско игралиште во Градски парк

Петар Печков

Годинешниот, трет по ред  фестивал кој се одржува во Велес и кој минатите две години се  препознаваше под името “Veles Easter Festival”,   го продолжува своето постоење ,но во друг,поинаков изглед.

Ќе се одржи на почетокот од јуни  а организаторот најавува добра забава. За музиката задолжени ќе бидат Игор Џамбазов  и Скопските федери, групата Пеперминт и велешките состави  The  Beats  и  Grace како и учество на велешки ДЏ. 

На Велешката,како и пошироко,на македонската јавност им го најавуваме третиот по ред рок-фестивал “ВЕЛЕС ФЕСТ“ 2014 .кој ке  се одржи во сабота 7 јуни  година со почеток од 20:00, на помошното фудбалско игралиште во Градскиот парк. На теренот  ќе  биде  поставена огромна  сцена,соодветна за  површината, ќе бидат поставени и шанкови. Затоа, ги покануваме  сите  млади и оние кои се  чувствуваат како млади,да дојдат на  третиот  по ред  Велешки фестивал и да уживаме  во 100% Македонски рок. Се гледаме на 07 јуни!!! – најавува организаторот Зоран Јаневски.

Организаторот како и минатите две години и оваа година   фестивалот ќе  биде  отворен со велешки бендови. Овој пат  поканети се  два  познати состави на велешката клуб свирка и тоа  The  Beats  и  Grace, кои ќе имаат по 60 минутен настап

Како еден од најпознатите  бендови моментално кај Македонија,   публиката ќе ја имам  честа за прв пат  да ги слушне во   живо  бендот Пеперминт  кој е  прифатен како на Македонската така и на Балканската сцена

И секако како главна атракција ,специјално за  велешката публика  го  поканија Игор  Џамбазов & Скопските Федери, бенд кој моментално е  еден од најбараните  во Македонија и бенд  кој со нивниот  150 минутен настап сигурно нема да ја остави публиката рамнодушна.

За крај повторно фестивалот ќе  биде  затворен со настап на  Велешки DJ кој ќе ја забавуваат публиката до раните утрински часови. Фестивалот е организиран со помош на Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »