речник контакт

Изборите завршија, парите се чекаат

Општините ги исплатиле средствата за материјални трошоци и одржување на локалните избори, останува да се исплати главнината - за избирачките одбори и избирачките комисии

Петар Печков

Во четирите општини од поширокиот велешки регион исплатени се материјалните трошоци за работата на Избирачките одбори во Велес,Чашка, Лозово и Градско. Пари како надоместок за работата  уште немаат добиено избирачките одбори  и избирачите комисии.

Причина се чекаат средствата да бидат префрлени од локалната власт, која со новите законски решенија, од овие Локални избори е должна да издвои пари за оваа намена.  Општина Велес овие избори ќе ја чинат околу 3,8 милиони денари. Исплатени се 270 илјади денари,  наменети за материјални трошоци додека  околу 850  лица кои беа вклучени во изборниот процес треба да добијат 3,5 милиони денари.

Во изборниот процес во Велес преку избирачките одбори имаше 730 лица, но во вториот круг имаше повеќе промени на членовите од партиите, така  што  имаме  поголем број  на членови   вклучени во изборниот процес. Очекуваме дека наскоро општина Велес ќе ги префрли  средствата, кои согласно Правилникот на ДИК ќе бидат распределени – велат од ОИК Велес.

Идентична е состојбата и во трите соседни општини. Во Градско   100 лица треба да добијат 400 илјади денари а за материјалните трошоци потребни се плус  356 илјади денари. Во општина Лозово за 102 лица  потребни се 982 илјади денари оти тука имаше два круга а во овие средства се вклучени и материјалните трошоци. Општина Чашка на ОИК треба да и пушти  уште 750 илјади денари, но таа уште пред  изборите најави дека нема пари во Буџетот за локалните избори.

Досега никој се нема јавено по реакциите на ОИК за решавање на проблемот со плаќањето на 300-те членови на ОИК.   Општината сепак нашла и издвоила пари за материјални трошоци од 250 илјади за да се одржат изборите без проблем. Но  избирачките одбори имаат несогласувања меѓу себе.

До Дик има реакција за распределбата на средствата согласно Правилникот. За работа и организирање на изборниот процес од 2 и пол месеци треба да добиеме 40 до 50   илјади денари. Претседателот на ИО кој имаше  два круга и гласање на болните, треба да добие   девет илјади денари. Ова не е правилна распределба  и затоа побаравме  промени – вели член на ОИК.

Додека не се реши ова барање од ДИК , не може ниту да се исплаќаат средствата за локалните избори.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »