речник контакт

Изложба на Полскиот плакат во Велес

Преставени дела од најзначајните дела на авторите

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба  Полскиот плакат. На неа се претставени 50-тина уметнички дела, како плакат  од  врвните полски и европски мајстори на уметноста од 1950 до денес. Изложбата  ги обединува делата на престижните претставници на полската школа за плакат како Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швиежи, Томашевски и мноштво други.

Авторите на ова изложба се сметаат за татковци на полскиот плакат, како што е  Томашевски, кој има неколку дела. На неа се преставени дела  од повеќе генерации, до последниот –актуелен Јан Бајфлик , еден од најмладите реномирани плакатисти, кој во Македонија  пред некоја година одржуваше работилници.    Меѓу авторите е македонскиот автор Лазе Трипков, следбеник у ученик на полската плакат уметност, преку повеќе плакати кои се сет од промоцијата на Македонскиот туризам во таа држава – изјави Јасминка  Намичева кустос на Музеј на град Скопје.

На плакатите се преставени различни пораки, теми од поствоена, до денес современа Полска.    

Полската школа за плакат претставува врвен претставник на плакатната уметност во светот по Втората светска војна и креативноста во полското општество во периодот на движењето „Солидарност“ и периодот на плурализмот. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »