речник контакт

Илјада мотористи го кренаа Велес на нозе (фото)

Звукот на моторите и мирисот на октаните не остави никого рамнодушен

Петар Печков

Илјада  мотористи на нивните мотори го кренаа Велес на нозе во саботата навечер. Звукот и октаните  го привлекоа вниманието на велешани со дефилето по главните градски улици. Освен мотористи од Македонија, имаше гости  кои специјално за оваа пригода довозеа од  Хрватска, Србија, Бугарија, Швајцарија, Шведска.  

Така по седми пат Велес беше домаќин на ,,Мото парти,, во  организација на мото клубот  ,,Носачи на крстот,,.  Годинашново  мото   на манифестацијата беше ,,Не вози побргу отколку што може твојот ангел чувар да те прати,,.

Имавма одлична забава, со многу гости и  без ниту еден инцидент. На толку многу народ, гости, мотористи и испено  пиво, немаше ниту едно  скршено шише. Немаше ниту еден повреден во километарското дефиле од мотелот, по улиците на градот и назад. Така ја покажавме високата самосвест  - изјави Горан Јовиќ претседател нa МК ,,Носачи на крстот,,.

 За добрата забава се погрижија рокерите од    CROSSROAD BLUS BAND од Прилеп и гостите од Белград  BANDX, кои не ги  оставија рамнодушни илјадниците гости во кампингот од мотел Македонија, каде се случуваше концертот. Имаше и натпревари, така во најбрзо пиење на пиво од пола литар  со сламка,  набрз  беше скопјанецот  Боби Трпевски.

Велешанецот    Иво Иванов победи во   најспоро возење додека   нај спретни беа во категоријата  скутери Мартин Караколев, до 600  кубици  Драган Ванов  и над  600 кубици Џани   од Скопје.  

Во чест на  загинатите полицајци од кумановско Диво Насеље, поради што ланската манифестација не се одржа, годинава учесницитe пред Полициската станица Велес положија  цвеќе. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »