речник контакт

Имаме поглед од илјада долари, бесплатно

Заврши 12-тата сликарско - копаничарска колонија ,,Папрадишки мајстори

Петар Печков

Дваесетина автори од повеќе држави беа учесници на 12-ата сликарско  - копаничарска колонија ,,Папрадишки мајстори,,која се одржува во Велес.  

Тие твореа во куќите на уметноста, на Касапови и на Џинот. Уметниците од Русија, Словенија, Србија, Турција, Бугарија и Македонија десетина дена се инспирираа од специфичната велешка архитектура и не го кријат воодушевувањето од единствениот поглед, што го имаат од чардаците на старите куќи.

Словенката Јасна Козар од  Марибор Словенија, академски сликар,  дошла како замена но е благодарна што колегата се откажал и сега таа ужива во единствениот поглед на Вардар и брдата околу него. 

Случајно дојдов на оваа колонија, бидејќи колегата Фицко требаше да допатува. Но тој беше спречен и јас во последен момент како  негова замена дојдов во Велес,  во оваа културна авантура, во за мене непознато.  Инспирација  не недостига, ја  има и премногу.  Оваа стара архитектура, не остава никого рамнодушен, секој поглед нуди ново доживување, џамија, црква, тесни сокаци, луѓе. Се чувствувам како да сум во Орлово гнездо,  од каде се гледам. Имам неверојатно среќа што сум тука.  Имаме  слобода, поглед од илјада долари кој не го  плаќам, гледам на Вардар кој   со векови мине тука. Не знам дали ќе успеам се  да ставам на хартија за овие десетина дена – изјави Козар.  

Меѓу гостите се и двајца автори  од позната Ковачица од Војводина, светскиот центар на  навината ликовна уметност.  Едниот од нив е Словакот    Хајко Павел.

Учествуваме на многу колонии и преку македонскиот автор Таневски, се сретнавме, во Житораѓе, тој не покани и со задоволство дојдовме. Овде наидовме на подруга природа отколку нас, кај нас равно а овде брдо од 45 степени угорнина, во почеток се  уморивме. Го работиме нашиот карактеристичен стил со пејзажи од Велес, нацртав така едно рамно село со вашата саат кула – вели   Хајко.  

Со него од рамната Војводина, од Суботица дојде Унгарката Хајдико Слатцки, која е аматерски сликар, потенцира  не наивец.  Работи во акварел,  акрил или масло на платно,  во реалистички стил.

Не можам да се  нагледам на овие брда, кои секоја минута ги менуваат боите и морам да ги менувам и моите цртежи. Би сакала да отидам на оној врв спроти да се искача, оти е  така блиску, но толку далеку за одење, ме плаши – вели Хајдико.

Таа е воодушевена од соседите и  објаснува дека добиваат од нив слатко од смокви а за Суботица ќе носи калинка за да се обиде за ја зафати и подига во рамната Војводина.  Меѓу учесничките се и две Русинки, едната од нив е   Јулија Жукова од Москва, која работи живопис во масло на платно.  Таа за колонијата дознала по  интернет и заедно со колешката  се пријавиле.   

Погледот од тука е фасцинантен и работам повеќе пејзажи од тоа што можам да  го видам. Имаме доволно материјал за работа, се е обезбедено. Се одлично функционира, што за авторите е многу важно – вели Жукова.

Таа нацрта четири дела на колонијата и во неделата ја посети  црквата Св. Пантелејмон за да може да го слуша црковниот хор, по пофалбите кои ги слушнала за него и акустичноста на храмот.  Учесник  е и Среќко Здравковиќ  од Параќин Србија, дипломиран професор и професор по ликовна уметност. Ова е негова 12-та  колонија годинава.  Доаѓа од Полска, по Велес заминува за Словачка. Но и покрај толку набиената агенда, тој не се уморува.

Мене во денот до тие 24 часа, ми фалат уште четири за да можам се да  сработам. Тука во Велес има некоја посебна синергија. На колонија можам да сработам повеќе отколку во ателје за два месеци,  не недостига  инспирација. Иако  сум прв пат тука имам впечаток, дека веќе сум  бил  претходно сто пати -  објасни Здравковиќ, кој слика надреална фигурација во масло на  платно.

Досега  има учествувано на околу 130 колонија. Бидејќи има и актерски  талент, тој навечер на колегите им се  претставува со свои театарски   настапи и така го исполнува слободното време. На колонијата  има 21 учесник од нив тројца се скулптори.

Овие куќи се ателјеа каде се создаваат делата, но и времени  живеалишта за сите автори. Тука работиме, се дружиме.  Гостите се обезбедени преку соработка со Национална галерија и колегата Александар Таневски, кој две години како селектор на манифестацијата ни помага во изборот на уметниците. Важно ни е да добиеме на квалитет и да нема  повторување на  гостите, да има што повеќе имиња -  изјави  скулпторот Ангел Коруновски, кој како претседател на Здружението на граѓани ,,Папрадишки мајстори,, е организатор  на манифестацијата.

Изработените дела ќе бидат претставени на завршна изложба, која традиционално се одржува на Денот на Општина Велес на 9-ти  ноември.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »