речник контакт

Индустриските плацови кај УЗУС не се продадоа ни од втор пат

Нема интерес за купување на градежно неизградено земјиште, кое што државата го продаваше во Велес.

Петар Печков

Седумте парцели  во комплекс УЗУС наменети за мало стопанство не беа атрактивни за на нив да се јави потенцијален инвеститор и започне да работи. Со почетна цена од 700 денари за метар квадратен, просторот не бил примамлив па на јавното наддавање, во Министерството за транспорт и врски, не се јавиле доволно заинтересирани лица, најмалку две, за истото да се одржи.

Од таму најавуваат дека наскоро ќе се распише нова јавна објава со која ќе се продаваат овие седум плаца, чија што големина се движи од 680 до 860 м2. Во економската зона комплекс „УЗУС", која е целосно инфраструктурно уредена, пат, вода, струја,  во последниве неколку години  Министерството продаде педесетина плацови наменети за малото стопанство и таму работат триесет мали и средни фирми со 300 работници, но обидите да се продадат последните слободни плацови се неуспешни.

Министерството за транспорт за врски не ги подаде ниту трите плаца во населба Тунел 2 наменети за изградба на индивидуални станбени објекти, чија почетна цена беше 800 денари за м2, иако Велес има недостаток од простор за градење на приватни индивидуални куќи.  За илустрација во 2009-тата  има издадено 56 одобренија за градење наспроти 63-те во 2008-та во Велес, додека надлежните издале лани 22 одобренија за адаптација, наспроти 17 во 2008-та. Повеќето од одобренијата за градење се на куќи кои се срушени а на нивно место се градат нови.

Потенцијалните купувачи велат дека цената за понудениот простор и во двата случаи, зa мало стопанство и за станбени објекти, е превисока поради што јавните наддавање и во вториот обид тие  беа неуспешни.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »