речник контакт

Интернет анкета за услугите на општинската администрација

Лани оценката беше 3,5 а годинава?

Петар Печков

 Корисниците на  општинските услуги, до следниот понеделник, имаат можност преку анкетен лист да ги оценат  услугите кои ги добиваат. Општината применувајки ги новините на ИТ технологијата анкетниот лист го постави и на својата официјална веб страна и на ФБ профилот. 

Прашањата се за квалитетот на администрацијата и секако на сите  области од надлежност на општината како што е комуналната инфраструктира, урбанизмот, локалниот економски развој, културата , образованието, спорт  и сето она што значи работа на општината - изјави   Јадранка Стефкова од  Општина Велес.

 Од добиените резултати надлежните ќе дознаат  кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, корисниците на услуги во локалната власт. Ова е седма година по ред како   се врши оваа анкета. Лани просечната оценка која  ја дале граѓаните е 3,5. 

 еве го и линкот до документот:

https://docs.google.com/forms/d/1iooMSkJZgQNH5bkpETYon6z8OyV4KsF15Vs2lZIUjj8/viewform

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »