речник контакт

Информатички пополнет, винаро -лозарство празен

Вторник и среда нова шанса за упис на факултетите во Велес, слободни 144 места за редовни студенти на четири факултети

Петар Печков

 Во првиот уписен рок за бруцошите во Велес се пополни   Техничкиот факултет од Битола  отсек информатика и компјутерска техника диспензирана настава Велес каде се запишаа 54 во прва година во државна квота  и 8 вонредни.  Овде нема повеќе слободни места. За разлика од него  на

Земјоделски факултет диспензирани студии по винарство и лозарство во првиот уписен рок  се пријавил само еден, тој не е примен па  остануваат 40  места за упис  за редовни со надомест од 100 евра. Останува загатка, зошто  завршените средношколци велешани немаат интерес за ова наставна програма, оти и лани за неа  никој не беше пријавен.

На Економски факултет диспензирана настава во Велес  по сметководство и ревизија во првиот уписен рок примени се 19 редовни во државна квота од 40 колку што предвидуваше уписот.  На Факултетот за туризам и угостителство од Охрид во Велес на   диспензирана паралелка  хотелско ресторански менаџмент се запишале 11 бруцоши од 40 колку што е предвидено за упис. 

На Техничко –технолошкиот факултет кој има седиште во Велес во прва година на  нутриционизам  примени се 23 редовни и 2 вонредни а на биотехнологија примени се 3 редовни и 2 вонредни. И на двата смера се примаа по 40  редовни студенти. Вториот упис е на  3-ти и 4-ти септември.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »