Петар Печков
Објавено: недела, 04 март 2018
60 илјади жители на општина Велес и Општина Чашка, ноќеска четири часа немаа електрична енергиј, причина бил испадот на преносната мрежа, информираа од МЕПСО.
Претходно ЕВН Македонија кажа дека нема вина и одговорноста ја префрли на македонскиот електро преносен систем, бидејќи струја не добивале двете трафостаници кои ги снабдуваат жителите на општините Велес и Чашка со електрична енергија.
Заради испад на преносната мрежа во 1,35ч. регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија на Велес. Екипи на МЕПСО веднаш излегле на терен, интервенирале и Велес добил напојување во 3,47 ч. Прекинот на снабдувањето бил во траење од два часа - стои ви писмената информација од АД МЕПСО.
Од ЕВН Македонија дополнија дека тие етапно ги пуштале различните делови од градот и општината со електрична струја па затоа во Центарот за управување со кризи е регистрирано дека струјата дошло во 5,50ч.
Во овие четири часа додека градот немаше струја полициски коли патролираа низ улиците на Велес, а во СВР Велес нема пријави за нарушување на јавниот ред и мир, кражби или други инциденти.
Tweet |