речник контакт

И велешките млади против полициското насилство

Два дена 50-тина млади велешани во Младинскиот парк протестираа: Стоп за полициската бруталност и казна за убиецот на Мартин Нешкоски.

Петар Печков

Само мајките и нивните солзи, знаат како боли, ова е пораката напишана од младите велешани кои два дена протестираа во Младинскиот парк. Организирани преку социјалните мрежи тие со собраа да го искажаа својот револт од убиството на Мартин Нешковски, поради полициската бруталност. Настанот се случи неделата ноќта, пред седум дена во Скопје.

МВР се обиде овој застрашувачки инцидент, со смртни последици, да го сокрие. Но јавноста, пред се младите, не дозволија,тој да  остане неразјаснет. Така убиецот Игор Спасов беше откриен и обвинет за делото кое го стори, но јавноста очекува да се идентификуваат и останатите соучесници кои му помагаа во сокривањето на убиството.

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »