речник контакт

И во Велес се трчаше полумаратон (фото)

Трчаа 128 учесници победија кај машките Ивановски и кај девојките велешанката Пановска.Кај рекреативците победи Дарко Поп Ацев,кој летово победи и на пливачкиот рекреативен маратон

Петар Печков

Во Градскиот парк  се трчаше полумаратон  во должина од 21 км на кој победија  во машка и   женска конкуренција. Тие има а најдобри времиња во конкуренција на 128 учесници .  

Во машка конкуренција победи Дарио  Ивановски 1:14.57, Игор Јакимовски  1:18:37 и Хамим Чилафи 1:22:558, кај жените најбрзи беа велешанката Ангелина Пановска  1:44.49,  Тина Пановска  1:50:51 и Ирена Стојменова 1:51.06.

Рекреативните   145 учесници,  трчаа на 5 км. и кај нив победија  Дарко Поп Ацев 17:`10, Никола Ѓелов 17: 23 и Кристијан  Китанов 17:24 а кај жените Марго Бојаџиева 20:06, Марија Богдановски 21.05 и Христина  Дарковска 23.20.  

Интересен е податокот што  кај рекреатиците победи скопјанецот  Дарко Поп Ацев кој победи и на рекреативниот пливачки  полумараотон во,  август на езеро Младост, на должина од 5км. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »