речник контакт

КМФ Велес во финалето на футсал Купот

Борец и Превалец со победи во Куп натпреваривте од Повардарјето

Петар Печков

Со убедливи 9:1, екипата на Велес како гостин  ја совлада Црна Река  и се пласира во финалето на Македонскиот куп.  Таму ги чека екипата на  Шкупи, со која се борат и за титулата првак. Се уште не е определен  терминот кога ќе се  игра финалето, ниту местото каде  ќе се игра.

Се одиграа и два  фудбалски куп натпревари, за Повардарјето. Во двете средба играа велешките екипи. Превалец на пенали 4:3 го елиминира ФК  Гемиџии, откако во регуларниот дел заврши средбата без победник 3:3.  Борец 1919 пак со 3:0 го победи Илинден од Башино село.  

Така Борец и Превалец ги продолжуваат натпреварите во зоната, од каде три екипи влегуваат во завареницата  16 /финале на Фудбалски  куп на Македонија.   

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »