речник контакт

Кај Дурутовец пронајдена муниција од Втора светска војна

Ha локацијата со години наназад се пронаоѓаа гранати заостанати од пред 75 години

Петар Печков

Во саботата  пронајдено е артилериско зрно Ф 40 мм, на локација близу Дурутовец, покрај железничката пруга. Истото е отстрането и ќе биде уништено, најавуваат од велешката полиција.

На улицата “Академик Пенчо Давчев“ во двор од куќа сопственост на Т.К. била пронајдена граната од Втора светска војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР -Велес, а од страна на пиротехничар од ДЗС гранатата била подигната за понатамошна постапка - информираа од МВР.

Ова подрачје често во изминатите години се пронајдени неексплодирани гранати.  Постарите велешани се потсетуваат зошто е така.

Есента 1944-тата, кога Германската војска се повлекуваше од Источна Македонија, со воз, носеа и оружје што таму беше затекнато. При еден такво транспорт, сојузничките воздухопловни сили, го погодија возот а дел од муницијата се разлета  по околината. По ослободувањето многу деца настрадаа играјќи си во овој дел на градот, останаа без раце, нозе, со оштетен вид - вели постар жител на Велес.

Пред 20-тина години, просторот беше чистен од страна на деминери, но и покрај опсежната aкција, во почвата има се уште дел од опасната муниција, која  сопствениците и по толку години ја пронаоѓаат. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »