речник контакт

Квалитетот на воздухот во Велес не е алармантен

Лани имало 148 дена над гранична вредноcт за суспендирани честички, во декември дури 25 дена. Ниту еден ден немало чад, сулфурдвеоксид и азотни оксиди

Петар Печков

Квалитетот на воздухот во Велес е далеку од алармантен. Со измерените вредности на суспендирани честички, два пати по повеќе од пет дена во последните 20 дена, над граничните вредности од 50 мк/м3, потребно е локалните власти да ги информираат граѓаните. Согласно акциониот план на надлежните  постои  праг на информирање и праг на алармирање.

Првиот  е доколку има пет последователни денови со повисоки вредности од граничните  50 мг на м3 а алармантно ако 10 последоветлни денови има загадување од 100 мг на м3 . Во првиот случај  се информира јавноста и се предлагаат краткорочни мерки што треба да се преземат, доколку е алармантно треба да се преземат и спроведат  мерки од локалната власт портив  загадувањето. Од Општината ја следат секојдневно состојбата    преку мониторингот на Министерството за животна средина.  

 Велес, не е интензивно загаден град загадувањето постои. Во 2014  вредностите   на квалитетот на воздухот  за прагот на алармирање ги нема, за разлика  од други градови во Македонија. Велес  има вредности  за праг на информирање. За 2014  во  148 дена  во Велес  се надминати концентрациите на суспендирани честички  со големина од 10 микро метри во мерно место Тунел, а во декември 25 дена над гранични вредности. Најголема вредност е иземрена на 24 декември кога биле 204 мг на м3. Во Велес изѐмерените  вредносните   биле во рамките на  средно загадување кое се движи од 50 до 90 мг на м3  - обајснува општинскиот инспектор за животна средина Билјана Шуркова Манаскова.

Лани најмногу загаден воздух со супсендирани честички имало во декември 25 дена, во февруари 24 и јануари 12 дена. Велес не е во групата на ингтензивно загадени градови. ВО 2014-та година измерените вредности на чад, сулфурдвеоксид  и азотни оксиди била далеку под максимално дозволентеи. Не биле ни приближно близу нив.  Значително се паднати, по затворањето на Топилницита како  нивен најголем емитер.

Загадувањето со суспендирани честички е од различни извори, најчесто  и доминантно е загревањето на домовите,  од сообраќајот, несoодветно соgорување на горивото, и од   градежната индустрија - вели Манасквоа Шуркова.

Какви се влијанијата на супсендираните честички врз човековото здравје?

Малите вдишливи честички може да бдиат едни од најштетнтеи загадувачки сусптанци во воздухот, кои може да продарат  длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број извори. Екологистите бараат локалната самоуправа да ги контролира  енергенсите кои ги користат институциите под нивна надлежност.

Предложените мерки требаше да се преземат многу порано. Тоа се само препораки. Локалната самоуправа може да дејствува во оние институции кои се под незјина надлежност да види со какви огревни средства се греат и во индустриските капацитети да исконтролира со какви средства се врши производството, дали ги задоволуваат основните еколошки стандарди. Исто така се претерува и со злоупотребата на сообраќајот - вели Ненад Коциќ од  ЕД Вила Зора.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »