речник контакт

Ковачко -механичарска работилница ,,Под мостот,,

Кој ќе спречи под Мало мовче да се растураат автомобили и да се чува стока? Или кој е должен да се почитува законот?

Петар Печков

Станарите од комплексот ,,Чешелот,, повторно укажуваат на истиот проблем кој се провлекува со години, така и ова лето. Во просторијата под Мало мовче вселени се номади, кои тука чуваат коњи. Изметот од истите освен што шири лоша реа, се наоѓа и по Мало мовче.

Но освен што чуваат стока на место каде не е дозволено, тие вршат и демонтирање на автомобили. Така станарите  уште од 7 часот наутро го слушаат звукот на чеканот, како  удира по каросеријата и така се до седум навечер, додека се гледа. Нема пладне нема одмор.

Затоа тие и прашуваат има ли некој кој ќе го спречи ова диво работење, нарушување на јавен ред и мир, чување на животни?

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »