речник контакт

Кога ќе се асфалтираат улиците прд Хабитат и Крсте Мисирков

Жителите од улиците чекаат повеќе години да се уредат. Кои улици ќе се работат пролетва во градот

Петар Печков

Улицата Невена Георгиевска Дуња и првата половина од Крсте Мисирков, чекаат подолго време да се асфалтираат. Иако беше најавено одамна дека тоа ќе се заврши, досега не е случено. Градоначалникот деновиве најави кои се улиците кои што инфраструктурно ќе се уредуваат, овие две не беа споменати. 

 Лани беше изграден потпорен ѕид,  кај зградите во Хабитат а еве пак  и годинава досега ништо не е преземено. Пет години чекаме да се асфалтираат но никако да дочекаме. Нема ниту осветлување, така   што и натаму навечер  одиме во мрак и газиме по кал, кога е врнежливо. Еве ќе стаса и новата зграда а  уреден пристап нема   - велат станарите од зградите на  Хабитат.   Долго време чекаат и жителите од улица Крсте  Мисирков, од првата половина од улицата.

 Улицата Крсте Мисирков е во втората годинешна фаза. Прво да ги смениме водоводната и канализациона мрежа, кои се во лоша состојба.  Наскоро ќе започнат  земјените работи и тука ќе се ангажираме  подолго време, но ќе се заврши. Улицата во Хабитат ќе се работи во  последната годинешна фаза. Имаме улица во Велес Павел Шатев, во Керамидна кој нема канализација и мораме таа да ја средиме  - најави градоначалникот Чадиев. 

 Во првата фаза на асфалтирање на улици  тој најави  три улици - крстосница пред Жаба зграда,  новите згради на Тодор Јанев и  Вардарска. Како крупна работа која е значајна Чадиев го најави уредувањето на улица Самоборска, кон Болница, која ќе се проширува на кривината пред влезот и изградба на потпорен ѕид.

Тоа беше најавено и лани на почетокот од годината, но Чадиев рече дека поради обезбедување а документацијата, тоа се одолжило.   Градоначалникот  најави дека ќе се осветлува и паркот пред зградата на Општина, по барање на бројните посетители на овој простор.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »