речник контакт

Кои се велешани се на листите за пратеници во ИЕ 3

Ги има 53,најмногу на листите на ДИУ и ДПА

Петар Печков

Тирековмирече се обрати до сите партии кои имаат свои кандидациски листи во Изборна единица 3, каде е Велес и околните населени места,   за колкумина велешани се на нив.  

Бројката е 53, со тоа што листите на ДУИ и на ДПА се безмалку целосно со лица кои се родум и потекнуваат од велешко.  

Еве ги имињата на сите велешани кои фигурираат на 8-те кандидациски листи за пратеници, за парламентарните избори кои ќе се одржат на 11 декември.  

Листата е според редоследот на извлечените бројки, со кои се на гласачките ливчиња.

           1.ВМРО-ДПМНЕ 

1. Илија Димовски

12. Ѓорги Коџабашиев

17. Коста Штерјов

           2.ДПА носител Сами Рушите кој не е од велешко, сите останати се од пошироката територија Долно и Горно Јаболчиште, Бузалково, Сливник...  

         3. ДУИ носител Нафи Дурмиши

Сите останати 19  се од Горно и Долно Јаболчиште, Бузалково, Сливник, Клуковец..

                4.СДСМ

 4. Панче Иванов

11. Агим Муртезанов

          5. Коалиција за промени и правда (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО-РП)

3.Жан Мешков

 15.Оливер Поп Арсов

        8. Либерална партија

1. Данчо Марковски

5.   Александар Јаковлевски

9.  Андреја Радиновски

          9. ВМРО за Македонија ( ВМРО-НП, Обединети за Македонија, Достоинство)

  7.Зоран Ѓуровски

19. Билјана  Настова

          10. Левица

2.  Игор Смилев

12.    Тони Јованов  

Во овие  избори едни од најистрајните учесници, кои ги имаше само за изборите велешаните  Тања Петровска од СДПМ и Панче Жежев од Работничка партија сега НПМ нема да учествуваат, дисквалификувани се поради неправилности во листите. 

ТрМр сите партии кои учествуваат во изборната трка во ИЕ 3 ќе ги престави бесплатно еднаш,  со нивниот централен настан, митинг, изборно претставување кое ќе се случи во Велес. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »