речник контакт

Кои се споменици ќе бидат поставените во Велес следните четири години

Некои се поголеми, некои помали, едни донација, други спонзорство, трети платени од општинскиот Буџет

Петар Печков

Советот на Општина Велес, по предлог на локалната власт го донесе документот за спомениците кои ќе бидат поставени во наредните четири години. Нивната бројка е 23, некои помали, некои поголеми, едни донација други со сопствени средства, трети со спонзорства.

Предвидено е за овој период да се постават бисти и споменици  на Јордан Хаџи Константинов – Џинот на платото пред новата театарска зграда, Муза на уметноста кој е веќе изработена и е донација од  скулпторот Ангел Коруновски и ќе биде поставена во дворот на  Гимназијата, Алејата на Великаните  на платото пред Спомен Костурницата. 

Пепарирана парна локомотива која ќе биде поставена на влезот од Железничката станица, скулптури изработени од колонијата Папрадишки мајстори кои ќе бидат поставени на јавно- прометните површини, скулптура на чушка од афион како заштитен знак на Велес на неколку локации во градот,  спомен обележја на паднатите од воениот конфликт во 2001-ва година, биста на Јован Наумов Алабакот, биста на Шефки Сали, скулптура на жена со кошула во раце –Ленка, скулптура Книга, споменик на Петар Поп Арсов, споменик на Живко Фирфов, експонат „Гемија“, споменик на Андреја Дамјанов, на Димитрие Чуповски, на Гемиџиите  кои ќе бидат поставени во дворот од Градската куќа некогашен Офицерски, на Кемал Ататурк донација од збратимената турска општина Каршијака кој ќе биде поставен во Паркот на пријателството.

Изработката на спомениците и спомен-обележјата ќе се финансира од Буџетот на Општина Велес за годината за која е планирано неговото поставување, од донации и спонзорства.Средствата за реализирање на оваа

Програма се предвидуваат во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на културата за тековната година. За изработка на идејно решение за секој споменик или спомен обележје од оваа Програма, Советот на Општина Велес именува Одбор за подигање на спомен-обележјето. Одборот согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележја ја спроведува постапката за подигање на спомен-обележјето.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »