речник контакт

Колку е светот мал, не знаел дека соседот му е роден брат

Двајца Канаѓани дадени на посвојување додека се уште биле сосема мали, откриле овие денови дека се браќа иако живеат во непосредно соседство на истата улица.

Петар Печков

Двајцата веќе со години се обидувале да го откријат своето биолошко потекло. Едниот од нив, Томи Ларкин успеал да влезе во трага на братот благодарејќи на агенцијата за посвојување.Тој раскажа дека службеничката во агенцијата му го дала името на брат му и адресата и четири или пет пати го прашала дали го познава.

Тој одговорил дека не го познава, но службеничката го прашала дали сосема е сигурен дека веќе не го сретнал. Се утврдило дека  куќата преку патот всушност е куќата на неговиот брат. Весникот „Канадијен прес“ пишува дека Томи Ларкин (30) и Стивен Гусни (29)  живеа речиси цела  една година еден наспроти друг, ни најмалку не сомневајќи се дека се родени браќа. Браќата, кои сега редовно се гледаат, одлучиле да започнат потрага по останатите членови на своето семејство.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »