речник контакт

Конституиран новиот Совет на општина Велес

За претседавач е избран Александар Колев. Актуелниот градоначалник Петров на сите 23 им подари по еден мобилен службен телефон

Петар Печков

Новите 23 советници во општина Велес денес го  започнаа нивниот четири годишен мандат. Од страна на Општинската Изборна комисија им беа врачени уверенијата за избор, по што најстариот советник  Бесим Ахмедов  ја отвори седницата. На сите 23 советници им беа верификувани мандатите а пота се прејде на избор на претседавач.Беа предложени Александар Колев од коалицијата ,,За подобра Македонија,, и Благој Коларов од коалицијата ,,Сојуз за иднината,,.  Со мнозинство гласови 13:10 избран беше Александар Колев, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доктор во велешката Општа Болница.

Оваа моја обврска ќе ја извршувам согласно Уставот, Законите на државата,  како и Статутот и правилникот на Општина Велес. Функцијата ќе ја извршувам во силна соработка со сите советници и пред се со  и за граѓаните на Општина Велес. Ќе работам согласно Деловникот за работа. Очекувам да продолжиме таму каде што заврши минатиот Совет и да носи одлуки кои се во интерес на граѓаните. Се надевам дека по четири години ќе бидеме горди на нашиот мандат, по она што ќе го сработиме и оставиме зад себе. Очекувам подобар,  поразвиен Велес – изјави Александар Колев во неговиот поздравен говор.

Прв честитка му упати Благој Коларов координатор на Советничката група на коалицијата,,Сојуз за иднината,,.  Координатор на владејачкото мнозинство е Петре Саздов од ВМРО-ДПМНЕ. Честитајќи им го мандатот на новите советници,, актуелниот  градоначалник Горан Петров на сите 23 советници им подари по еден службен мобилен телефон алкател,,хром,,.  На претседавачот пак Колев  му подари ѕвонче, заради запазување на редот во салата. На оваа конститутивна седница, судбината сакаше роденден да има советникот од НСДП Кире Гајдов кој е роден токму на 12 април, 1974-тата година.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »