речник контакт

Кошаркарот Брчков се врати дома и најавува враќање на кошарката

Екс репрезентативецот Брчков има успешна кариера зад себе, со клупски успеси и репрезентативни настапи

Петар Печков

Поранешниот кошаркарски репрезентативец,Владимир Брчков,  кој една година живееше во Австралија, се врати дома, во Велес.  И најавува дека  неговите аспирации се враќање меѓу најдобрите македонски кошаркари.

Поради семејни обврски се вративме назад,  чекаме принова во семејството - вели Владимир.

Тој ланската година не беше надвор од теренот, настапуваше за екипа од Мелбурн. Со доаѓањето во Македонија се врати и желбата за докажување.

Повторно сум во тренажен процес, до есен ќе бидам во топ форма. Повредата и недоразбирањата се зад мене, се надевам дека ќе успеам да се договорам со македонски клуб и да заиграм во домашното првенство - додава Брчков. 

Тој игра на позицијата 3 и 4.  Со екипата на Фени во 2010 ја освојува двојната круна,  во 2011-та со Фени е повторно шампион и освојувач на балканската БИБЛ лига. Во 2018-та како интернационалец настапува за екипата на Тирана каде ја освојува двојната круна, шампионатот и Купот. Учесник е со македонската репрезентација на две Европски првенства во 2013-та во Словенија  и 2015-та во Хрватска, како ко-домаќин.

Гледам дека во кошаркарскиот сојуз има ново раководство, се надевам дека со моите игри ќе успеам да се наметнам и да бидам дел од репрезентацијата - кажа Брчков. 

Тој во февруари стапи во брак со Леона Здравева  а имаат и три годишна ќерка Киара.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »