речник контакт

Кој во која смена на стартот од учебната година 2014-15

Познати се термините за стартот на новата учебна година и за основците и за средношколците

Петар Печков

Во најбројното основно училиште, Васил Главинов  прво и второ одделение започнуваат во 8 часот,   4-то, 6-то и 8-мо се од 7 часот а попладне од 13 часот се 3-то, 5-то, 7- мо и 9-то одделение.

Во ОУ Блаже Конески првоодделенците на  првиот час ќе дојдат во 8 часот, наутро од 7,30 ч. се  второ, трето, четврто, шесто и осмо како и дел од петто одделение  V-2  V-4, додека   V-1 V-3 со седмо и деветто одделение  се од 13 часот.

Сите ученици од ОУ Св. Кирил и Методиј се понеделник  во 8 часот во училиште, додека првачињата во  9 часот.

Сите ученици  од ОУ Благој Кирков се попладне на настава од 13 часот.

Учениците од ОУ Стојан Бурчевски Буридан од Иванковци  на настава се од  8 часот.

Учениците од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот со настава започнуваат од  7 часот а првачињата од  8,30 часот.

Сите учениците од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари  вклучувајќи  ги  првачињата  со настава започнуваат од  8  часот, додека тие од Превалец во 7,30 часот.

Средношколците  од Гимназијата Кочо Рацин  со настава в понеделник започнуваат во 7,30 часот.

Учениците од Хемиското училиште Димитрие Чупоски се попладне од 13,30 часот.

 Во  терминот од 7,30 започнуваат со настава и учениците од Економското училиште ,,Јовче Тесличков,,.

Учениците од ,,Коле Неделковски,,   започнуваат во две смени. Утринската од 7,30 е за прва и трета година додека пладневната е од 13,30 часот за втора и четврта година.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »