речник контакт

Кој колку имот има од велешките политичари

Податоците кои политичарите од градот ги пријавиле до Државната комисија за спречување на корупција

Петар Печков

Државната комисија за спречување на корупција ги објави податоците од анкетните листови за имотната состојба на избраните функционери. Од велешките избрани функционери состојбата е следна.

Пратеникот од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ  Илија Димовски како сопствен имот пријавил мерцедес   вреден 800 илјади денари,  акции  од 183 илјади денари, денарска штедна книшка со 2,6 милиони денари и годишна камата од  30 илјади денари. Тој има пријавено недвижен имот на родителите во вкупна вредност од 2.6  милиони денари,  куќа во Охрид, стан во Велес, куќа во Согле како и земјоделско земјиште во Согле и Чашка, семеен автомобил даеву ланос од 120 илјади денари.  Во акции сопственост на родители Димовски пријавил  85 илјади и  960 илјади  денари како стечајно побарување на имот на родителите како и 50 илјади  денари годишно од  земјоделска дејност на имот на родителите. Димовски  на име на неговите родители како банкарски депозити пријавил штедна книшка со 2.750.000 и заштеда од 800 илјади денари на име на неговата сестра. Димовски како  долг пријавил износ од 215.250 денари .

Градоначалникот Славчо Чадиев  во сопствениот анкетен лист пријавил личен имот во вкупен износ од 3.9 милион денари и тоа за стан од 33 м2  и куќа  од 132 м2 во Велес и уметнички и колекционерски предмети со  вредност од 600 илјади.   На името на сопругата Чадиев пријавил куќа и плац во Башино село со вкупна вредност од 2.1 милиони  денари. Чадиев пријавил и две моторни возила сопствено – мотор  и автомобил  на сопругата  - пежо  во износ од 356.000 денари. Велешкиот градоначалник во ставката долгови пријавил  личен и кредит на сопругата со вкупен износ од 430.000 денари.

Пратеникот во собранието од редовите на  СДСМ Марјанчо Николов пак пријавил во негова сопственост автомобил мерцедес вреден  3,9 илјади евра  , денарска заштеда од 1,3 милиони  денари и девизна со  28,1 илјади  евра.  Николов има и куќа во сопственост на родителите од  2.4 милиони денари,  деловен простор  од 23 м2  на сопругата во вредност од 700.000 денари. Николов во ставката долгови пријавил и кредит во износ од 630.000 денари.

Претседателот на  општинскиот Совет Александар Колев  како сопствен имот пријавил мотор  од 30 илјади денари, денарски штедени влогови од 1,47 милион денари. Како недвижен имот во сопственост на  родителите  тој пријавил  два стана и земјиште во Велес со вкупна вредност од 1.7 милиони  денари и денарска штедна книшка со 200 илјади денари.

Вториот пратеник во собранието на РМ од ВМРО-ДПМНЕ  од Велес Ѓорѓи Коџабашиев  пријавил само заеднички имот возило Опел Омега во вредност од 150 илјади  денари.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »