речник контакт

Леталото Војаџер 35 години во вселената

Сондата Војаџер 1 наскоро ќе го напушти Соневиот систем и ќе вплови во меѓуѕвездениот простор

Петар Печков

На далечен пат кон ѕвездите, но ниту во најхрабрите соништа на неговите конструктори, тргна на 5 септември 1977 година Војаџер 1. Сондата и натаму праќа корисни податоци, од работ на вселената, а наскоро таа може да стане и првата која го напуштила Сончевиот систем. 16 дена подоцна тргна и Војаџер 2.

Двете сонди носат златни плочи со звуци, музика, фотографии и повеќе јазични поздрави од Земјата, во случај да  налетаат на некој  интелегентен вид вонземјани. На златната плоча е поздравот на тогашниот генерален секретар на ОН Курт Валдхајм и компилација од музика на Моцарт, Чак Бери до Ролингстонси. Кога двете сонди тргнаа на пат кон вселената никој не знаел колку време тие ќе се задржат и таму ќе останат. 

Тие и натаму после толку години работат и  праќаат податоци и слики, од оддалеченост која се мери со десетина милијарди километри во однос на Сонцето. Двете сонди имаат само по 68 килобајти компјутерска меморија, додека еден ајпод денес има осум гига бајт.  Првичната цел на сателитите била блиска средба со Јупитер и Сатурн.  Од таму во 1979 година и 1980-тата испратија разгледници со мотиви од титанска олуја на Јупитер и блескавите прстени на Сатурн.

Тие сликаа и ерупција на вулкан на првиот сателит на Јупитер Ио, знаци на океани под Европа - заледената месечина на Јупитер, дожд од метан на Титан - месечината на Сатурн. Откако ја завршија оваа мисија, двете сонди тргнале во различен правец. Двојаката до Уран и Нептун со што стана првото вселенско летало кое помина покрај надворешните планети на Сончевиот систем,, додека единицата го искористила Сатурн како гравитациона прачка за правец кон работа на Сончевиот систем каде се наоѓа сега. 

Војаџер 1 е на 18 милијарди километри далеку од Сонцето, додека Војаџер е 2  е поблиску до нашата ѕвезда за три милијарди километри.  Единицата минува  низ гигантски меур од плазма  со која Сончевиот систем е опкружен а оваа врела и турболентна област создава млазеви од  наелектризирани  честички од Сонцето. Надвор од овој меур е нова граница во галаксијата Млечен пет, меѓу ѕвезден простор, по што научниците очекуваат дека  сондата ќе се најде во помирно опкружување во однос на моменталното. Тие веруваат дека прашање на време, најмногу до година  а можеби месеци или денови, кога таа ќе се мине.

Сигналите од Војаџер 1 за да стигнат до Земјата патуваат 17 часови а од Војаџер 2 13 часови. Камерите од леталата одамна се исклучени, но тие и натаму  со пет инструменти ги испитуваат магнетното поле, вселенските зраци и наелектризираните честички познати како Сончев ветер.

тексто е преземен од РТС Србија

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »