речник контакт

Летен камп за младите од Црвен крст на Велес

Првиот во Мокрени, вториот на манастирот Св. Илија

Петар Печков

Летен камп на Клуб на млади Општинската организација на Црвен Крст Велес, оваа година се одржа од 6-ти до 8ми август на манастир Св.Илија. На истиот присуствуваа 50 волонтери од 9 Општински организации на Црвен крст.

Целта на кампот е да ги вмрежи младите волонтери, преку интеракциски сесии да се поттикнат да иницираат нови активности, да споделуваат разни волонтерски искуства, да стекнат нови вештини и да се мотивираат за идни активности во своите средини.

Младите волонтери имаа прилика да се запознаат и со програмата „Црвен крст Рутина“ која претставува алатка за регрутирање и оспособување на нови  активни млади волонтери. 

Претходно  годинава од 29 јуни до 1-ви јули за новите членови на Клубот на млади и учесниците во ЦКА-ПХВ циклусот 2015 година од  велешкиот Црвен крст се одржа летниот камп во планинарскиот дом во селото Мокрени.

Целта на кампот е да се зголеми бројот на нови волонтери од ЦКА ПХВ циклусот, преку нивно вклучување и обука во повеќе дејности. За време на тридневниот камп се организираше дисеминација за основите на меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, презентација за волонтерството, практична и теоретска настава за тимската работа.

Беше одржана презентација за работата и активностите на општинската организација на Црвен крст Велес, Клубот на млади. Покрај стекнувањата на нови знаења и вештини, на кампот се стекнаа и нови пријателства, дружења и прошетки по прекрасните предели во околината на селото Мокрени.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »