речник контакт

Марш за слободата во Велес

Андреј Петров и даде рок на власта уште десет дена да ги прифати нивните барања. Во Велес протест на ,,Сојузот за иднината,,

Петар Печков

 Неколку илјади велешани  во долга колона која тргна од Багремче до споменикот на Рацин  кај Гимназијата го искажаа нивниот револт од состојбите во државата.   Маршот за слобода е дел од организираниот ,,Отпор,, кој Сојузот за иднината на Македонија преку улична демократија го организира секој ден во Македонија, на повеќе локации. Во  Велес беа и дел од партиските челници предводени од Љубчо Георгиевски а во отсуство на Црвенковски. Секретарот на партијата Андреј Петров го извини лидерот на СДСМ  Бранко Црвенковски што не дојде на собирот во Велес, иако беше најавен. Причинат набиената агенда по ненадејното доаѓање на евро -комесарот Филе во Скопје во средата попладне.

Говорниците се обратија од пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на Гимназијата. Прв говореше актерот Младен Крстевски, кој на сцената се појави по шест години пауза, толку време  објасни тој,  е тргнат од театарот.

Добровечер моја публико, со кој се нема сретнато шест години. Пред неколку години висок службеник на Министерството за  култура даде налог дека јас Младен Крстевски не смеам да играм ниту да режирам. Јас кој го создавав со моите колеги вториот професионален велешки театар, фестивалот Стоби, сакаат од власта тоа да го збришат. Има во Велес  традиција на Чист понеделник ние ќе им го поправиме  Црниот понеделник  од 24-ти декември. Јас на ваква народна сцена се качувам по втор пат. Се сеќавате кога во 2002-та  заедно со неколку интелектуалци го избркавме народниот предавник Владиката  Зоран Вранишкоски.  Така и народот ќе го избрка ненародниот режим – рече Младен Крстевски.

На овој вечерашен собир покажувате храброст, смелост, патриотизам како се брани слободата демократијата. За тие кои се плашат да ни се придружат да им порачам, дека борбата за подбра иднина, немојте да се плашите од власта, таа се плаши од нас. На ова место пред оваа Гимназија во 1942 година ги избркале штрајкувачите, им се придружиле сите велшани, зошто тогаш да се плашиме од власта која народот ја избира.  Се побунивме оти власта сакаше да донесе расипнички Буџет од 2,7 милијарди евра. Но тие на сила си го изгласаа из а еден ден не задолжија за 280 милиони евра а за три години ја задолжија Македонија една милијарда евра. Сакавме повеќе пари за народот , за стечајците, за бранителите, за работни места а не споменици, огради и жални врби и бродови. Тоа не носи леб, носи беда и сиромаштија. Кога не исфрлија од Собрание, не ме исфрлија само мене туку и 12 илјади гласачи од градот – рече пратеникот Марјан Николов.

Ја задолжуваат Македонија, не задолжуваат и нас, но и нашите деца. Се претставуваат дека се божемни градители а всушност ги подриваат столбовите на животот. Со нивните платени реклами покажуваат дека животот е розово, наспроти суровата стварност на тоталитарна држава. Затоа сме тука за да кажеме ,,не,,  - рече Аце Коцевски кандидат на  САДМ за градоначалник.

Вечерва се навршува еден месец од оној ден кога во парламентот ги претепаа македонските пратеници и новинари. Сега не убедуваат, ем не тепале ем треба да се извини ми оти не тепале. Е тоа нема да мине. Никој не смее да ги тепа не истомислениците, да го тепа сопствениот народ. Од градот на Рацин испраќаме порака, овој народ нема да аргатува, на служи на една мала група луѓе која ја узурпираше власта. Ни веат да формираме комисија да ја утврди одговорноста а од авион се гледа кој е виновен.  Ни велат дека треба да се лоцира одговорноста,а таа е лоцирана токму во оваа власт. Затоа да седнеме и се договориме власта да му ја дадеме на народот и тој на демократски вонредни парламентарни избори  ја додели власта. Нашиот народ и за арно и за лошо дава 40 дена да се размислува. Имаат уште 10 дена да ја прифатат нашата понудена рака за фер и демократски  вонредни парламентарни избори    – рече Андреј Петров секретар на СДСМ.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »