речник контакт

Маслодајна лани со добивка од 8,7 милиони денари

Крзнарата забележала плус од 290 илјади денари

Петар Печков

Велешка Маслодајна ланската година за завршила со   добивка од 8,7 милиони денари.   Ова стои во образложението за остварените резултати во 2015-тата година. Во минатата година вкупните приходи на  АД Благој Ѓорев биле 680 милиони денари што е за 8 отсто повеќе од лани а расходите биле 670 милиони или за 7 отсто повеќе од претходната година.  Според образложението на раководството, добивката се должи  на намлените трошоци за  суровини и материјали. 

Крзнарата Димко Митрев  од Велес,  минатата година остварила  севкупна добивка од 290 илјади денари. Ова го покажал билансот на успех  објавен на Македонската берза.  Вкупните приходи од продажба лани изнесувале  209,5 милиони денари  од кои поголемиот дел 203,3 милиони се остварени на странскиот пазар додека на домашниот само 6,2 милиони денари.   Споредбено со 2014-тата друштвото тогаш остварило 573 илјади денари добивка. 

веста  е објавена на порталот:  Бизнис инфо

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »