речник контакт

Матурските во Велес завршија мирно, инциденти немаше

Полицијата им заблагодарува на матурантите што беа совесни во првиот чeкор од зрелоста

Петар Печков

Матурските прослави во Велс завршија а според СВР Велес во овој период немало ниту еден инцидент, сообраќаен или нарушување на  јавниот ред и мир. Во изминатиов период од страна на Секторот за внатрешни работи Велес биле превземени низа превентивни активности се со цел непречено и безбедно одржување на матурските свечености.

Матурските прослави поминаа без ниеден регистриран инцидент, односно, не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир или загрозување на безбедноста во сообраќајот.Би сакале да изразиме особена благодарност до матурантите, нивните родители и наставниот кадар за соработката, почитувањето и придржувањето кон законската регулатива и заедничкиот придонес за прославување на матурските свечености безбедно и на ниво. Воедно, на матурантите им ја честитаме матурата и им посакуваме многу успех во понатамошниот живот и успешна кариера – велат од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »