речник контакт

Мирна новогодишна ноќ!

Во Велес без инциденти, повредени, прејадени, напиени...

Петар Печков

Новогодишната ноќ мина како ретко кога, мирно и без инциденти. Надлежните без работа.

 Во велешката Болница дежурните биле без работа.

Немаше повредени, немаше  прејадени, лица кои дошле во алкохолизрана состојба. Немаше интервенции  за повредени од тепачки, сообраќајки - изјави директорот д-р Атанас  Василев. Работа немаше и во акушерското оддление, таму првото бебе се роди на први јануари доцна попладне.

Интервенции немале ниту пожарникарите и полицијата.

 Дочекот на Новата година во Велес, помина  мирно, без регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир  или пред објектите  каде имаше организиран дочек.  Немаше ниту  регистрирани сообраќајни несреќи - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »