речник контакт

Мистериите на седум гробници

Листа од седум гробници на најголеми владетели во светот, за кои и денес не се знае каде се закопани. Нефретити, Алаксандар Велики, Џингис Кан, Атахуалпа, Текумеш...

Петар Печков

Публикацијата на Археолошкиот институт Америка, весникот Археологија состави листа од седум гробници на најголеми владетели во светот, за кои и денес не се знае каде се закопани.

Прва на листата е Нефертити, кралица на Египет која владеела од 1348 до 1330 година пне. Кога големата камена гробница со повеќе соби била откриена во 1880 година, во близина на древниот египетски град Амарна, на локалното население веднаш му било јасно дека се разликува од другите, слични во Амарна. Гробницата означена со Амарна 26 за жал е разурната, но археолозите врз основа на тоа што е зачувано до денес – фигурините, ковчегот од алабастер и двата гранитни саркофази, заклучија дека се работи за гробница на фараонот Ахенатен и неговата ќерка Мекетатен.

Оваа кралска гробница имала и трета соба, недовршена и египтологот Марк Габолде смета дека се работи за гробница на сопругата на Ахената, Нефертити која умрела неколку месеци пред фараонот и била закопана во Амарна.

Археологот Бери Кемп, кој е и директор на Амарна проектот, не се согласува и смета дека Нефертити не е погребана во Амарна, туку можеби на Теба или Гуробу, а можеби дури и во родниот град Ахмими. Можно е никогаш да не дознаеме каде – вели тој.

Гробницата на Александар Велики (владеел од 336-323 година пне) и понатаму е мистерија која, како што се чини никогаш нема да биде решена. Кога Александар умрел во Вавилон во 323 година пне, неговите мумифицирани останки биле положени во златен саркофаг, каде лежеле две години пред да било одлучено да се пренесе во Грција. На патот кон Грција, неговиот ковчег бил украден во близина на Дамаск и пренесен во Египет – прво во Мемфис, а потоа во Александрија, град кој го основал и го нарекол по себе.

Таму Александар бил закопан во најмалку две одвоени гробници на различни локации, а најзначајните антички автори како Сраба, Плутарх и Паусаније, сметаат дека Александар сепак бил закопан во Сома, локација наречена по старогрчкиот збор за тело.

Низ вековите Сома била повеќе пати пљачкана, златниот саркофаг бил претопен и заменет со ковчег од стакло или кристали. Дури и Клеопатра ја обила гробницата. Сома преживеала и многу војни, револуции, земјотреси, цунами, а сега со векови подоцна останала засекогаш загубена за археолозите, писателите, аматерите...

Иако нејзината ѕвезда блескала, Будика е огромна фигура во британската историја. Оваа келтска кралица била водач на голем бунт против Римјаните во 60-тите години кои тие крваво го задушиле и од тогаш не престанува да интригира многумина, вклучувајќи ја и авторката Манда Скот која и посвети цел серијал.

Се верува дека Будика била погребана под платформата 8, 9 или 10 на лондонската метро станица Кингс Крос, иако никакви докази не постојат за тоа. Археологот Ричард Хингли, пак смета дека кралицата загинала во битка, а не дека побегнала како што тврдат некои и дека е  била погребана со остатоци од скрешено оружје и смет и поради тоа никогаш нема да се дознае каде почива.

Алфред, на кралството Весекс (871-899) бил прв крал на сите Англичани и единствен англиски крал со прекар Велики. Се верува дека е погребан во Винчестер, но по два века телото било пренесено во опатијата Хајд, каде пак останало се додека Хенри осми не ги распуштил манастирите поради што кралската гробница била опљачкана, а моштите пренесени во скромен гроб  во опатиската црква на Свети Вартоломеј, која била изградена на местото на уништената опатија.

Со тек на годините гробот на Алфред бил цел на повеќе неуспешни потраги, а неодамнешното откритие на моштите на Ричард трети, само го зголеми интересот за гробното место на Кралот на сите Англичани. Археолозите ископаа необележан гроб  во дворот на црквата, но за сега нема конечни докази дека тоа е гробницата на првиот и најголем крал на Англија.

Кога умрел во 1227 година, Џингис кан кој владеел од 1206 до 1227 година, поминал пат од отпадници до владетел на најголемото царство во историјата кое се простирало од Кина до Каспиското море. Меѓутоа, неговиот гроб е обвиткан во мистерија.

Кинески и персиски извори наведуваат дека Џингис кан умрел во Кина, можеби од пад од коњ и дека неговите синови неговото тело го однеле во Монголија, каде ковчегот бил положен во земја кај планинскиот венец Хенти, на североисточниот дел на Монголија. Гробот го тапкале 10.000 коњаници за да остане сокриен. Многу експедиции се обидувале да го најдат гробот но без успех. Дури и Монголската академија на науките покрена нова експедиција со цел да се најде гробот чии резултати сеуште не се познати.

Последниот владетел на Инките Атахуалпа кој владеел од 1523 до 1533 го убил Франсиско Пизаро, иако како што се наведува Атапуалха понудил откуп во злато и сребро кое би исполнило една соба. Пизаро, владетелот на Инките го закопал според христијански обичаи, но се смета дека неговите следбеници го откопале телото, го мумифицирале и го погребале на непознато место, можеби неодамна откриениот Маикуи Мачај.

Кралот на Хаваите Камехамеха први, владеел од 1795 до 1819 година, а според локална легенда само Ѕвездата деница знае каде се неговите коски. Многу експерти се согласуваат дека неговите поручници Хо,олулу и Хоапил ги однеле неговите коски во скришна пештера како вистински следбеници на древната хавајска традиција Каху, која означува одговорност за чување на идоли или свети работи. Токму поради таа традиција, гробот на Камехамеха до денешен ден е тајна.

Некои веруваат дека е погребан во кралската палата Мокуула на Мауија, други пак во Лао долината на Мауија, каде се погребани многу поглавици на Хаваите, но нема никакви докази кои би ги поткрепиле овие тези.

Водачот на Шоните, Текумеш владеел со своето племе од 1789 до 1813 година. Текумеш што значи Ѕвезда која паѓа или Пантер на небото, собрал коалиција на повеќе индијански племиња кои се судрувале во врска со населениците во Охајо и Индијана. Загинал во борба со силите на идниот претседател на САД Вилијам Хенри Хрисон. Очевидците тврдат дека неговите соборци го закопале во близина на бојното поле, но нема никакви физички докази за тоа.

Археологот Кен Танкерслеј предупредува дека бојното поле во близина на наводниот гроб на Текумеш, Шоните го сметаат за свето тло и дека секој обид да се откопаат неговите коски, ќе го сметаат за сквернавење.

 текстот е преземен од МИА

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »